ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ЧЕСТИ КИРЈОС ВЕЧЕРА ВО ЊУЈОРК Финалистите од Вимблдон станаа пријатели

Ѓоковиќ во неделата триумфираше во Вимблдон, совладувајќи го Кирјос во финалето со 3-1 во сетови.

338

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му вети на Австралиецот Ник Кирјос дека ќе го испочитува договорот и ќе го чести вечера како што двајцата се договорија пред финалето на грен – слем турнирот во Вимблдон.

Кирјос вчера преку социјалните мрежи го потсети Ѓоковиќ на договорот.






– Каде е мојата вечера? – напиша Кирјос на што уследи одговор од Ѓоковиќ.

– Извини, другар. Им ѕвонев на сите ресторани во Лондон во неделата вечер и немаше слободни столчиња. Плаќам вечера во Њујорк – напиша Ѓоковиќ, кој во неделата триумфираше во Вимблдон, совладувајќи го Кирјос во финалето со 3-1 во сетови.

 

Поврзани содржини