ЃОКОВИЌ БЕШЕ НЕРВОЗЕН, НО СЕ ПРИБРА Го победи Фариа, а сега ќе игра со Чехот Томаш Мачац

285

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Португалецот Џејми Фариа во второто коло на Австралија Опен 2025 година.

Мечот одигран рано утрово траеше три часа и заврши со резултат 3:1, по сетови 6:1, 6:7 (4:7), 6:3 и 6:2.






Во мечот, Новак го доби првиот сет со 6-1, но така не беше и во вториот сет кој го загуби во тајбрејк со 7-4. Ѓоковиќ ги доби наредните два сета со 6-3 и 6-2 и дојде до триумф од 3-1 во сетови.

Ѓоковиќ делуваше нервозно на теренот, врескаше за време на вториот сет во кој направи бројни грешки и на крајот го загуби.

Со ова српскиот тенисер има 430 настапи на грен-слем турнирите со што го надмина Федерер кој имаше 429 настапи.

Во третото коло, поранешниот светски рекет број 1 ќе се соочи со Чехот Томаш Мачац.

Грен слемот во Мелбурн се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари.

Поврзани содржини