Околу куќата ѝ изградија автопат, а таа одбива да се пресели (ВИДЕО)

Државата продолжува да преговара со Лианг, која не се откажува од нејзините барања.

1,702

Куќа со големина од 40 квадратни метри стои во „дупка“ на сред автопат со четири ленти во Кина. Сопственичката Лианг одбива да се пресели затоа што, како што тврди,  државата не и дала соодветна локација.

-Јас ги знам последиците и не ми пречи што мислат другите за мене. Мислите дека околината е лоша, но јас сметам дека е тивка, ослободувачка и удобна – вели сопственичката на куќата.






Таа, според пишувањето на медиумите, побарала од кинеската влада четири станови, no ѝ биле понудени само два. Таа не се согласила ниту со сместување во близина на градската мртовечница, ниту so одредена сума на пари.

Властите ја оградија куќата уште во 2010 година за да ја срушат и да изградат мост.

Државата продолжува да преговара со Лианг, која не се откажува од нејзините барања.

Поврзани содржини