Околу 60 универзитети го тужат Трамп поради одлуката странските студенти да си заминат од САД

Судската постапка пред федералниот суд во Бостон беше покрената од универзитетот Харвард и Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) и тие бараат да се запре оваа одлука на администрацијата, пишува „Ројтерс“.

925

Околу 60 американски универзитети се приклучија на тужбата против администрацијата на Трамп поради одлуката да им се забрани на странските студенти да останат во Америка, ако нивните предавања се само преку Интернет заради коронавирусот.

Судската постапка пред федералниот суд во Бостон беше покрената од универзитетот Харвард и Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) и тие бараат да се запре оваа одлука на администрацијата, пишува „Ројтерс“.






Универзитетите објавија дека се потпираат на упатствата на сојузната влада, кои предвидуваат дека заради сегашната состојба со коронавирусот, предавањата за студентите ќе бидат на Интернет и дека странски студенти во Соединетите држави исто така ќе присуствуваат на ваквите предавања.

– Вонредната состојба сè уште трае, но политиката на владата одеднаш драстично се промени и предизвика големи превирања и штети – се наведува во тужбата на универзитетите.

Околу 1,1 милиони странски студенти студирале во Соединетите држави во генерацијата 2018/19 година, според податоците на Стејт департментот и Институтот за меѓународно образование, што претставува околу 5,5 проценти од вкупниот број студенти од таа генерација.

Администрацијата на Трамп објави дека странските студенти кои ќе присуствуваат на предавања само преку Интернет од септември, ќе треба да ги напуштат Соединетите држави, а во исто време вршат притисок врз училиштата и универзитетите да продолжат со часови нормално од септември.

Сепак, некои универзитети, како што е Харвард, веќе објавија дека предавањата ќе бидат на Интернет во есенскиот семестар.

Поврзани содржини