Околу 300 станари од зграда во Тетово исплашени за својата безбедност, откако лице со непозната течност ја испрскало вратата ВИДЕО
На социјалните мрежи се споделува видео од исплашени и револтирани граѓани дека непознато лице во влез од зграда во Тетово прска со непозната течност и бега. Во зградата во која има 64 станови живеат околу 300 лица.
Според објавата, тие пријавиле во полиција и апелираат доколку некој го препознае лицето да ги контактира.