ОКОЛУ 2.700 СТУДЕНТИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВИСОКИ СТИПЕНДИИ Наместо досегашните 3.000, ќе земат 6.050 денари

294

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6.050 денари, соопштија денеска од Министерството за образование и наука (МОН).

Од МОН потенцираат дека со оваа одлука одговориле на барањата на студентите и уште еднаш ја потврдиле заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани.






Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.

Поврзани содржини