ЈОКИЌ МУ СЕ ОБРАТИ НА МИЛИЈАРДЕРОТ ОД КОЈ САКАШЕ ДА ПОЗАЈМИ АВИОН Денвер Нагетс е како ранет ѕвер
Авион „Bombardier Global 6000“е познат по својата луксузност и способност за долги летови без запирање.
„Мислам дека го добија, поточно (претседателот на клубот) Џош Кренке го доби одговорот што го сакаше. Знаете, тој е… Луѓето велат дека сме ранливи, но мислам дека ѕверот е најсилен или најопасен кога е ранлив. Можеби го разбудил ѕверот“.
Вака изјави српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ по мечот во кој Денвер Нагетс ги совлада Сакраменто Кингс. Милијардерот Кренке е син на еден од најбогатите Американци. Јокиќ во 2023 година се пошегува дека ќе побара од Кренке да му го позајми приватниот авион на неговиот татко Стан за да отпатува во родниот Сомбор каде што се одржаа коњски трки.
Авион „Bombardier Global 6000“е познат по својата луксузност и способност за долги летови без запирање.
Nikola dropping wisdom postgame pic.twitter.com/XFPsAnLMhi
— Denver Nuggets (@nuggets) April 10, 2025
На тимот очигледно му беше потребна шок-терапија по четири последователни неуспеси. Тоа беше победата против Сакраметно Кингс.
Првпат во НБА кариерата на најдобриот српски кошаркар, тимот од Колорадо не беше предводен од Мајкл Мелоун, бидејќи Кренке го отпушти заедно со генералниот директор. Отказите се случија на само три натпревари пред крајот на лигашката сезона.
Тимот сега ќе се обиде да дојде до втората шампионска титула во историјата.