📽️ ЈОКИЌ ДОБИ БИЗАРЕН ПОДАРОК ОД КИНЕЗ Видеото ги запали социјалните мрежи, реакцијата на Никола кажува сѐ

Српскиот кошаркар моментално е во Кина каде има кампања со својот нов спонзор, кинескиот бренд 361°.

844

Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, моментално е на турнеја низ Кина за кампања со својот спонзор, кинескиот бренд 361°, и таму го изненадуваат на секој чекор.

По тој повод, тој доби необичен и трогателен подарок што го насмеа и воодушеви, глава од коњ направена целосно од патики.






Српскиот репрезентативец е познат како голем љубител на коњи, а секој слободен момент го поминува во својата штала во Сомбор. Кога Јокиќ ја отвори кутијата, беше шокиран. Внатре имаше глава од коњ, секако, вештачка и направена од патики.

– Ова е направено од патики? Неверојатно е, многу е интересно и добро. Ви благодарам многу – рече Јокиќ со насмевка, покажувајќи искрено воодушевување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HoopsChina (@chnhoops)

Љубовта на Јокиќ кон коњите е позната на јавноста со години. Клубот од Колорадо често објавува снимки од српскиот ас како гледа снимки од своите коњи за време на тренинзите и натпреварите, а тој постојано нагласува дека работата на еркерската фарма му обезбедува ментална рамнотежа и релаксација.

Поврзани содржини