ОХРИЃАНЕЦ СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПЕШАК КОЈ ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА Во несреќата настрадал и паркиран „фолксваген“

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.К., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

163

На 19 октомври 2024 година, во 16.30 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на кеј „Македонија“ во Охрид патничко возило „Ауди А3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.Б., удрило во 18-годишниот пешак П.К., двајцата од Охрид.

Во несреќата, соопштија денеска од МВР, со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.К., констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.






При ударот било оштетено и паркирано патничко возило „фолксваген транспортер“, со тетовски регистарски ознаки, паркирано од А.К.(51) од Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Поврзани содржини