ОХРИЃАНЕЦ СЕ ПОЧЕСТИЛ СО КАРТИЧКАТА НА АНГЛИЧАНКА Се грижел за неа, ама повеќе се грижел за нејзината сметка
Охриѓанецот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Четириесет и едногодишно лице, со привремен претстој во Орхид, неовластено искористило 1.700.000 денари од банкарската картичка на жителка од Англија.
СВР Охрид денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против Н.С.Л.(41) со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
– Тој на 21 септември годинава неовластено ја употребил банкарската картичка сопственост на 86-годишна жителка на Англија, со привремен престој во Охрид, за која се грижел и без нејзино знаење, извршил повеќе парични трансакции. Со тоа пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.700.000 денари – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.