ОХРИЃАНЕЦ МУ ГО ЗАПАЛИЛ ГЛИСЕРОТ НА БРАТ МУ Од пожарот бил зафатен и братовиот „мерцедес“

Охриѓанецот З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

360

Приведен е охриѓанец, кој предизвикал пожар на глисер на неговиот брат, соопшти МВР.

На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на улицата Даме Груев во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.






Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.

З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини