📷 ОГРОМНА ТЕТОВАЖА ПРЕКУ ГРБОТ Милош Биковиќ се соблече, го покажа мускулестото тело на базен
Најпопуларниот српски актер, Милош Биковиќ, се соблече на базен и го покажа своето мускулесто тело, со што ја оправда титулата еден од најзгодните мажи на регионална јавна сцена.
Најпопуларниот српски актер, Милош Биковиќ, се соблече на базен и го покажа своето мускулесто тело, со што ја оправда титулата еден од најзгодните мажи на регионална јавна сцена.
Имено, Милош Биковиќ, кој важи за еден од најфаталните мажи од српската јавна сцена, предизвика вистинска лавина со својата нова објава.
View this post on Instagram
Биковиќ позирал покрај базенот на хотелот каде што престојувал. Паузите од снимањето ги искористил за да ужива во спа-центарот, а на базенот позирал и го покажал своето мускулесто тело.
Сепак, огромната тетоважа по целиот грб беше таа што го привлече вниманието на многумина.

Да потсетиме, Милош Биковиќ стана татко неколку дена пред својот 36-ти роденден, а во брак е со убавата црногорска адвоката Ивана Малиќ.
– Кога имаш дете и кога го држиш тој мал живот во рацете, таа мала трошка живот во рацете, нема проект што би ти донел поголема среќа. Во деловна смисла, животот продолжува, ќе продолжам со снимање, но нема ништо што може да се спореди со она што ми се случи на 9 јануари – рекол тогаш Биковиќ, откривајќи дали е подготвен за бессони ноќи.
Тој неодамна беше на патување во потоплите региони со сопругата и синот, а сите детали ги сподели на социјалните мрежи.