Огромен ред пред МВР за лични карти и пасоши, опозицијата обвини за нов кластер (ФОТО)

Во четвртокот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, најави дека се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник ќе започне издавањето на лични документи со новото уставно име.

4,370

Граѓаните од ова утро чекаат во редици пред просториите на Министерството за внатрешни работи за да извадат лични документи во закажаните термини.

– Добро утро Оливер, со пасоши и лични карти како стоиме? Нели е пандемија и не смее да има групирање, ама ради вашата неспособност нов кластер МВР е на повидок – напиша Владимир Нелоски на „Фејсбук“.






Во четвртокот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, најави дека се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник ќе започне издавањето на лични документи со новото уставно име.

– Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, коишто ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци – изјави Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

Како решение МВР соопштија дека истечените патни исправи добиваат дополнителна важност до крајот на годината.

– Сегашната власт и Министерството за внатрешни работи станаа предмет на потсмев низ светот и ужас за граѓаните – велат од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Поврзани содржини
na