ОГРАДИЛ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ СО БЕТОНСКИ СТОЛБОВИ Пријава за жител на Желино

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Б.(54) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, се вели во полицискиот билтен.

755

Жител на тетовско Желино узурпирал дел од катастарска парцела во државна сопственост на тој начин што ја оградил со бетонски столбови, информираше Министерството за внатрешни работи. Парцелата, според соопштението на МВР, се наоѓа во близина на локалниот пат Еребино-Сиричино.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Б.(54) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини