Ограбен домот на Паоло Роси за време на неговиот погреб

Сопругата на Роси, враќајќи се од погребот, открила дека изсчезнале предмети од куќата, вклучително и часовниците на нејзиниот сопруг. Полицијата го истражува случајот.

646

Домот на светскиот шампион во фудбал Паоло Роси бил ограбен за време на неговиот погреб, објави „Фудбал Италија“.

Сопругата на Роси, враќајќи се од погребот, открила дека изсчезнале предмети од куќата, вклучително и часовниците на нејзиниот сопруг. Полицијата го истражува случајот.






Вчера, илјадници пријатели и фанови го кажаа последното збогум на херојот на Светскиот куп 1982 Паоло Роси за време на емотивното испраќање во катедралата во Виченца.

Во текот на својата кариера, Роси играше за Јувентус, Комо, Виченца, Милан и Верона, запишувајќи 340 натпревари на кои постигна 134 голови. Во 1982 година ја доби наградата Златна топка за најдобар фудбалер во Европа.

Поврзани содржини