„ОГНЕНИТЕ“ ДОЈДОА ВО МАЛА РЕЧИЦА Започна седницата на Централното претседателство на ДУИ

Како што беше најавено од партијата, на денешната седница ќе се разговара за создавањето „Фронт за Европа“. Оттаму не откриваат дали ќе се отворат прашањата за раздорот што ја тресе партијата.

362

Почна седницата на Централното претседателство на ДУИ во партиското седиште на партијата во Мала речица. На седницата се појавија и членовите на „огнената група“, кои претставуваат неформална фракција на ДУИ поради разидувања во политиките со крилото на Артан Груби.

Како што беше најавено од партијата, на денешната седница ќе се разговара за создавањето „Фронт за Европа“. Оттаму не откриваат дали ќе се отворат прашањата за раздорот што ја тресе партијата.






– Се наоѓаме во критично време, на крстопат, и мора да ги концентрираме сите сили и енергија на општеството за да ја ориентираме државата кон ЕУ. Тоа го очекуваат граѓаните од нас, подобар стандард, работа, поголеми плати, да останат овде, да ја планираат иднината овде. Ништо друго не може да ја гарантира перспективата освен ЕУ и ние сме должни тоа да го направиме како политичари – изјави партискиот портпарол Бујар Османи пред средбата.

Непосредно пред започнување на седницата, „огнените“ предводени од Изет Меџити и Муса Џафери, објавија листа на сите функционери кои биле разрешени од Груби. Од таму рекоа дека овие имиња се разрешени затоа што го критикувале Груби.

Поврзани содржини