ОДЗИВОТ ДО 13 ЧАСОТ Е 19,96 ОТСТО, ЗА НИЈАНСА ПОМАЛ ОД ПРВИОТ КРУГ Во Скопје најголем одзив во Карпош, најмал во Сарај и во Чаир
Досега не се пристигнати пријави за какви било неправилности и нерегулараности, информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска.
До 13 часот излезеноста за локалните избори во Македонија е 19,96 проценти, а за избор на градоначалник на Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134.124 лица според податоците од 1.279 избиралки места или 93,15 отсто. За Скопје гласале 71.849 лица, според податоци од 678 избирачки места, односно 98,98 отсто.
Досега не се пристигнати пријави за какви било неправилности и нерегулараности, а за претставките за нарушување на изборниот молк постапуват надлежните институции.
Таа информира и дека ДИК во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледуваат приговори, како и информации за постапката за набљудување на изборите.
– До 13 часот одзивот во Боговиње е 16,02, во Брвеница 29,73, Валандово 25,67, Виница 23,16, Дебар 15,32, Дебарца 26,54, Демир Капија 34,21, Дојран 31,21, Долнени 20,81, Зрновци 27, Кичево 29,37, Конче 28,30, Кочани 18,46, Крушево 34,86, Куманово 13,34, Лозово 34,54, Македонска Каменица 24,64, Македонски Брод 24,99, Могила 18,13, Неготино 24,17, Прбииштип 36,66, Ранковце 31,41, Росоман 27,10, Струга 16,77, Студеничани 16,74, Тетово 19,31, Чешиново-Облешево 27,93 и во Чучер Сандево 29,55 проценти – рече Тодоровска Алексовска.
Во скопските општини излезеноста до 13 часот во Аеродром изнесува 19,21 отсто, Бутел 13,30, Гази Баба 14,24, Ѓорче Петров 15,92, Карпош 22,14, Кисела Вода 19,57, Сарај 3,58, Центар 21,58, Чаир 5,34 и во Шуто Оризари 12,78 проценти.
– Најголема излезеност за градоначалник на Скопје има во Карпош, Центар и во Кисела Вода, а најмала во Сарај и Чаир – рече Тодоровска Алексовска.
Во првит круг до 13 часот излезеноста беше 20,12 отсто, а за Скопје 20,07 проценти.