ОДОБРЕНИ ЗА ГРАДБА 29 КМ ОД КОРИДОРОТ 10Д Тоа е дел од трасата Прилеп-Битола која е долга 40 км

561

Владата денеска го одобри Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат Прилеп – Битола.

Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот Прилеп – Битола во должина од 29 км, а вкупната должина на Делницата на автопат Прилеп – Битола е околу 40 км.






Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти, соопшти владината прес-служба.

Поврзани содржини