ОДЛУКАТА НА РОДРИГО ГО ТРЕСЕ МАДРИД Бразилецот ќе седне со Чаби Алонсо и ќе каже дали си оди од Реал

Неизвесноста околу неговата улога по заминувањето на Карло Анчелоти ги активираше шпекулациите за можна преселба во Премиер лигата. Според медиумите, сериозен интерес за Родриго покажуваат Манчестер Јунајтед и Арсенал.

741

Иднината на бразилскиот офанзивец Родриго во Реал Мадрид ќе се решава наскоро, откако фудбалерот ќе оствари средба со новиот тренер на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо. Како што објави шпанскиот весник „АС“, разговорот меѓу двајцата се очекува во многу блиска иднина и ќе биде клучен за тоа дали Родриго ќе остане во тимот или ќе замине.

Неизвесноста околу неговата улога по заминувањето на Карло Анчелоти ги активираше шпекулациите за можна преселба во Премиер лигата. Според медиумите, сериозен интерес за Родриго покажуваат Манчестер Јунајтед и Арсенал.






Родриго (24) веќе шест сезони е дел од тимот на Реал Мадрид, со кој освои три титули во Ла Лига и два трофеи во Лигата на шампионите. Иако има активен договор до 30 јуни 2028 година, тој не е целосно сигурен во својата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.

Поврзани содржини