ОДЛУКАТА НА ПЕНДАРОВСКИ Е ЗА ЖАЛЕЊЕ Сите го поддржуваат законот што ги оддалечува казината од нашите деца, тврди ДУИ
Образложението дека европското знаменце била „злоупотребено“ за усвојување на законот е приказна за мали деца, замислете немале забелеши за содржината туку за процедурата, стои во реакцијата на ДУИ.
Демократската партија на Албанците (ДУИ) во објава на Фејсбук ја критикува одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го попише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари 2024 година.
Сите ги знаеме нивните мотиви.