Одложено укинувањето на дел од рестриктивните мерки во Англија

Настапите во затворен простор нема да се реализираат, а исто така не се дозволени и гужви во спортските центри, како и свадби со повеќе од 30 луѓе.

167

Понатамошното укинување на рестриктивните мерки во Англија, што требаше да стапи на 1 август пролонгирано е за најмалку две недели, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Настапите во затворен простор нема да се реализираат, а исто така не се дозволени и гужви во спортските центри, како и свадби со повеќе од 30 луѓе.






Одложувањето се должи на зголемениот број на инфицирани лица со ковид-19 во Англија.

– Не можеме да бидеме задоволни со себе, мора брзо да дејствуваме. Одлуката за заострување на рестриктивните мерки во северниот дел на Англија се целни мерки што треба да се преземат – посочи Џонсон.

Тој ги предупреди и работодавачите да ги заштитат работните места од инфекцијата.

Поврзани содржини