ОДЛОЖЕНО Е СУДЕЊЕТО ЗА ПРЕДМЕТОТ „АДИТИВ“ На судечкиот совет му треба време да се запознае со новото обвинение

Причината за одложувањето е одобрувањето на обвинителниот акт против Б.Н., како продолжение на истрагата, како и предлогот за спојување на обвиненијата.

188

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека главната расправа за предметот „Адитив“ закажана за утре се отповикува.

Причината за одложувањето е одобрувањето на обвинителниот акт против Б.Н., како продолжение на истрагата, како и предлогот за спојување на обвиненијата.






„Со оглед да обвинителниот акт со КОК ООА 47/25, кој претставува продолжение на истрагата за конкретниот предмет, беше одобрен и доставен до судечкиот совет во текот на денешниот ден, а со кој предлог Обвинителството воедно има доставено и предлог за спојување на двете постапки, заради економичност и ефикасност, а како и не би се направиле непотребни трошоци за спровод на дел од обвинетите, потребно е време советот да се запознае со списите од предметот и да одлучи по предлогот за спојување, како и одбраната да се произнесе“, соопштени Судот.

Судењето ќе продолжи на следниот утврден термин, на 2 септември 2025 година, во 10 часот, во судницата во рамки на затворот „Идризово“.

Предметот „Адитив“ е поврзан со злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери за набавка на адитиви за термоцентралите, вредни повеќе милиони евра.

Истрагата опфаќа над 30 лица, меѓу кои и поранешни директори и функционери, а обвиненијата вклучуваат злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари и оддавање службена тајна.

Поврзани содржини