ОДЛОЖЕНО Е ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЗАЛОЖНИЦИТЕ Првата размена ќе се случи в петок

Точните причини за одложувањето засега се нејасни. Според извештаите, дискусиите за точните услови на прекинот на огнот најверојатно сè уште не се финализирани. 

221

Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски медиуми.

Израелскиот советник за безбедност Цачи Ханегби изјави дека ослободувањето на заложниците нема да почне пред петок, јавија израелскиот весник Хаарец и каналот Н12. Претходно се очекуваше првата размена да се случи денеска.






– Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор меѓу страните и не пред петок – ја цитира Хаарец изјавата на Ханегби.

Точните причини за одложувањето засега се нејасни. Според извештаите, дискусиите за точните услови на прекинот на огнот најверојатно сè уште не се финализирани.

Израелската војска соопшти дека во изминатите 24 часа гаѓала околу 300 цели на Хамас во Појасот Газа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле напади „од воздух, врз оперативни штабови, подземни борбени тунели, магацини за оружје и муниција, локации за производство на експлозиви и позиции за лансирање против тенкови“.

ИДФ соопшти дека била нападната областа околу Џабалија во северниот дел на Газа и „уништила“ тунел што го открила во Беит Ханун.

Поврзани содржини