ОДЛОЖЕНО Е ГРАДСКОТО ДЕРБИ Бурата ги спречи Евертон и Ливерпул да излезат на терен

166

Натпреварот помеѓу Евертон и Ливерпул од 15. коло во Премиер лигата е одложен поради временските неприлики.

Натпреварот требаше да се одигра денеска, но тамошните метеоролози прогласија жолт аларм поради бурата Дара.






„Денешното дерби на Мерсисајд е одложено поради неповолните временски услови“, соопшти Евертон.

Пред натпреварите од 15. коло, Ливерпул води во Премиер лигата со 35 бодови. Евертон (14 бодови) е на 15. позиција.

 

Поврзани содржини