ОДЛОЖЕНА СЕДНИЦАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА Требаше да расправа за стратешки проекти во енергетиката

Бидејќи матичната комисија денеска нема да расправа за овие предлог- закони, се очекува да биде одложена и расправата по нив на пленарната седница.

241

Собраниската Комисија за економски прашања, на чиј дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти во енергетиката по скратена постапка, е одложена.

На календарот на собраниската веб страница, иако првично беше најавена, тргната е седницата на Комисијата за економски прашања на која како точки на дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти „Соларен парк Стипион“, Соларна електрична централа – Пехчево, АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ и Митилинеос когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка.






Собранието денеска, како што е најавено, треба да одржи 5 пленарни седници, а на една од нив 140. треба да се разгледуваат предлог-законите за стратешките проекти во енергетиката кои се во скратена постапка.

Бидејќи матичната комисија денеска нема да расправа за овие предлог-закони, се очекува да биде одложена и расправата по нив на пленарната седница.

 

Поврзани содржини