ОДЛИЧНИ УСЛОВИ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“ Наврнаа 20 сантиметри свеж снег

Зимската служба навреме интервенираше на расчистување на новиот снег, такашто пристапот до „Михајлово“ е непречен, а патеките во топ-форма.

144

Наврнаа 20 сантиметри свеж снег во околината на Кавадарци, такашто ски-центарот „Михајлово“ има одлични услови на патеките, информираше попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

„Ски-центар „Михајлово“ денеска е во вистинска зимска атмосфера. Свежата снежна покривка, овозможува одлични услови на патеките. Февруари започна со стабилен снег и пријатна дневна програма, коктели, голем број посетители и позитивна енергија низ целиот ски-центар“ – напиша градоначалникот Јанчев на својот профил на Фејсбук.






Тој нагласи дека патот до центарот е безбеден и прооден.

„Во раните утрински часови, зимската служба интервенираше на расчистување на новиот снег во Михајлово. Сообраќајот се одвива непречено, патот е чист и прооден“ – напиша градоначалникот Јанчев.

Поврзани содржини