„ОДИМЕ ЗАЕДНО НА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ“ Касами верува дека Вреди ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните

Биљал Касами, претседател на Беса, изјави дека на денешниот состанок на коалицијата Вреди ќе се утврди како таа ќе настапи на престојните локални избори.

168

Вреди денеска има состанок на кој треба да се дефинираат дилемите како коалицијата ќе настапи на локалните избори.

Биљал Касами, претседател на Беса, изјави дека на денешниот состанок на коалицијата Вреди ќе се утврди како таа ќе настапи на престојните локални избори.






Касами е убеден дека Вреди на изборите ќе настапи заедно.

– Продолжуваат редовните комуникации во рамките на коалицијата Вреди, а денеска го имаме следниот состанок каде ќе се продолжи да се разговара во однос на излегувањето на локалните избори. Јавноста веќе е запознаена дека има неколку опции, но како и да е се надевам дека денеска ќе биде последниот ден, односно последен состанок, каде ќе се дефинираат овие дилеми во рамките на дебатата за локалните избори. Јас сум убеден дека Вреди и на локалните избори ќе оди заедно и тоа што го покажавме на парламентарните избори ќе го покажеме и на локалните избори и конечно ќе успеваме да ги добиваме и општините и да ги водиме успешно како што ние сме убедени дека ја водиме политиката во рамките на владината коалиција но исто така и во рамките на општините каде што и досега се води од коалицијата – изјави Касами.

Поврзани содржини
na