Горан Момироски и Драган Милосављевиќ, новинари и автори на емисијата „Заспиј ако можеш“, која се емитува на ТВ Алфа, утре се поканети на распит во скопското Јавно обвинителство, објави порталот МКД.
Обвинителството смета дека новинарите треба да дадат некакво појаснување за она што го објавиле уште на 11 јануари годинава, а се однесувало на безбедносните и разузнавачки структури на Македонија.