ОДЕКНА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО МОСКВА Наредена е итна евакуација (ВИДЕО)

Пожарот избувнал во двокатна магацинска зграда од тули на плоштадот Комсомолски, 1А во зграда број 18.

2,092

Министерството за вонредни ситуации пријавило пожар во близина на плоштадот Комсомолски во Москва, спасувачите пристигнале на местото на настанот

Пожарот избувнал во двокатна магацинска зграда од тули на плоштадот Комсомолски, 1А во зграда број 18.






Според информациите, во тек е спасувачка операција, седум лица се евакуирани од зградата, а во гаснењето на пожарот учествувале 80 спасувачи.

Според службите за итни случаи, површината на пожарот досега достигнала 1,9 илјади квадратни метри.

 

На мрежите се шират снимки од силен чад на плоштадот Комсомолски во Москва, а се известува и дека на терен се голем број противпожарни бригади. Според Руската железница нема опасност за патниците и железничкиот сообраќај.

Московското Министерство за транспорт, пак, соопшти дека вонредната состојба не влијае на сообраќајот.

 

Поврзани содржини