Ноќеска, кратко по полноќ, во 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Железничка станица Маџари со употреба на погоден алат била извршена кражба на гпс уред за следење на возови.
Со тоа била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај, информира МВР и додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.