Од утре забрането движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот

Граѓаните кои нема да ја почитуваат забраната се соочуваат со казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

1,526

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, воведе забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06.00 до 20.00 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување. Министерството забрани и  палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

Граѓаните кои нема да ја почитуваат забраната се соочуваат со казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.






Забраната не важи за вработените во ЈП „ Национални шуми“ и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува „Национални шуми“, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“

Министерството забрани и  палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

Од министерството потсетуваат дека за непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Министерството за внатрешни работи и Шумската Полиција.

Поврзани содржини