Од утре се исплаќа детски додаток, социјална помош и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална заштита соопшти по кој редослед ќе ги подигаат парите во банките оние кои немаат картички.

312

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре почнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2021 година.

Корисниците  кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.






„Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот ковид-19, за корисниците кои не користат картички исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа утре на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, а в петок на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш “, се вели во соопштението од МТСП.

 

Поврзани содржини