5.100 дози кинески вакцини попладнево пристигнаа во Кавадарци. Се е подготвено за старт на масовната имунизација во спортската сала „Јасмин“ за граѓаните од Кавадарци, но и од околните општини Велес, Неготино, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово до Гевгелија, јавува КТВ телевизија.
Директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев апелираа граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk за да добијат термин за вакцинирање.