ОД УТРЕ ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ Бензинот за еден ипол, а дизелот за два денари
Од утре по полноќ, литар „еуросупер 95“ ќе чини 73,50 денари, „еуросупер 98“ ќе биде 75,50 денари, а дизел горивото ќе изнеусва 65 денари.
Малопродажните цени на бензините„ еуросупер 95“ и „еуросупер 98“ се зголемуваат за 1,5 денар, а на „еуродизел“ за два денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Од утре по полноќ, литар „еуросупер 95“ ќе чини 73,50 денари, „еуросупер 98“ ќе биде 75,50 денари, а дизел горивото ќе изнеусва 65 денари.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари и ќе чини 64,50 денари, додека на мазутот се зголемува за 1,35 денар и ќе изнесува 41,13 денари за килограм.