ОД УТРЕ ЌЕ СЕ ЗАТОПЛУВА Ќе биде сончево со слаб ветер
Денеска максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во постепен пораст, најавуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи.
Денеска времето е сончево со мала до умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во Скопје е, исто така, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец.