ОД ТОЈ ШТО Е ВНАТРЕ СЕ ОЧЕКУВА ДА МУ ПОМОГНЕ НА ТОЈ ШТО Е НАДВОР Сиљановска Давкова имала пријатна средба со бугарскиот премиер Жељазков

Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ, истакна претседателката.

404

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова е изненадена од најавите на бугарските европратеници на вчерашниот состанок на АФЕТ на кој беше усвоен извештајот на Томас Вајц за напредокот на земјава, за поднесување амандмани, и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО, имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.

– Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ. Верувам во потребата од пријателство, верувам дека ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно. Не можам однапред да предвидам, но од она што го видов вчера гарантира дека низ дебата ќе дојдеме до единство – посочи Сиљановска-Давкова пред денешниот состанок на Советот на НАТО во Хаг.






📷 НА ИСТА МАСА СО ЗЕЛЕНСКИ Сиљановска Давкова пристигна на состанокот на Советот на НАТО

Поврзани содржини