ОД ТИПИЧЕН АУТИСТ ДО ТАЛЕНТИРАН СЛИКАР Војната со аутизмот уште трае, но ние го имаме најсилното оружје – љубов и трпение
„Иако бевме свесни дека Филип отстапува од очекуваниот развој и самоиницијативно го однесовме на проценка, сепак, моментот кога ја слушнавме дијагнозата беше исклучително тежок. Јасно беше дека нашиот начин на живот комплетно ќе се промени, дека ќе треба да играме нова „игра“ со непознати правила“, вели нашата соговорничка, мајка на деветгодишниот сликар и момче со аутизам кој наскоро ќе ја има својата прва изложба.
Филип Циглењак Симоновски има 9 години и е четврто одделение во ОУ „Ристо Крле“ во Кадино. Тој е дете со посебни потреби, има аутизам, но и дете со посебен талент. Имено, Филип ужива да слика, да прави комбинации на боите и да ги разлева по платното, да твори. Со сликањето почнал сосема случајно, откако пред пет години, односно кога имал само четири години, добил на подарок платно и бои. Никој од неговото семејство не е уметник, ниту се занимава со уметност, но неговиот талент е очигледен.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.