ОД СКОПЈЕ ДО БИТОЛА И НАЗАД СО ВОЗ САМО ЕДНАШ ДНЕВНО Се редуцира железничкиот сообраќај на најфреквентната релација

Од 25 октомври од Скопје возот за Битола преку Прилеп ќе тргнува во 14:30 часот, а од Битола за Скопје во 3:13 часот.

339

Патувањето со воз од Скопје до Битола и обратно од 25 октомври ќе се одвива само еднаш дневно. Другите два воза на оваа линија нема да сообраќаат, иформираа од Железници на Македонија.

Од 25 октомври од Скопје возот за Битола преку Прилеп ќе тргнува во 14:30 часот, а од Битола за Скопје во 3:13 часот.






„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација Битола – Прилеп – Велес – Скопје и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) дека сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14.30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03.13 часот.  Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување – стои во известувањето од Железници транспорт.

Патничките возови меѓу Скопје и Битола се најкористени според бројот на превезени патници на трите најфреквентни железнички станици во Скопје, Велес и Прилеп.

Од 4 јануари се укинати и линиите Скопје-Куманово-Табановце-Скопје, а од мај 2021 и железничкиот сообраќај на релациите Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје. Веќе неколку години нема воз и на релацијата од Скопје кон Белград и Солун.

Освен едната преостаната линија Скопје-Битола-Скопје, функција се и железничките линии Скопје-Гевгелија-Скопје и Скопје-Велес-Скопје.

Поврзани содржини