ОД САМИЦА ПРАВО НА ПСИХИЈАТРИЈА Убиецот на децата во Загреб ќе бара екстрадиција во Австрија?
Копиц е под строг надзор на лекарите и на полицијата, а неговиот адвокат изјавил дека бил информиран оти неговиот клиент е во болница, но дека и натаму се немаат слушнато или видено.
Австриецот Харалд Копиц, кој минатиот месец во Загреб ладнокрвно си ги уби своите три деца, сега е префрлен во Одделот за психијатрија во затворската болница, пишуваат хрватските медиуми.
Тој бил префрлен на психијатрија откако поминал извесно време во самица, пишува „Јутарњи лист“, а се товари за убиство на трите деца во изнајмениот стан, по што се обидел да се самоубие.
Копиц е под строг надзор на лекарите и на полицијата, а неговиот адвокат изјавил дека бил информиран оти неговиот клиент е во болница, но дека и натаму се немаат слушнато или видено.
Хрватските медиуми објавија дека Копиц, наводно, се распрашувал во Амбасадата на Австрија во Загреб за евентуална екстрадиција, поради тоа што тој е австриски државјанин.