ОД САД УШТЕ 12,3 МИЛИЈАРДИ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА Конгресот одобри „континуирана резолуција“
Американскиот придонес за Украина, во нејзините воените напори во конфликтот со Русија, досега достигна 65 милијарди долари.
Американскиот Конгрес денеска одобри помош од 12,3 милијарди долари наменети за Украина за да се бори против руската инвазија. Пакетот вклучува три милијарди долари за оружје, набавки и плати за украинската војска и го овластува претседателот Џо Бајден да му наложи на Пентагон да пренесе 3,7 милијарди долари за оружје и друга техника во Украина.
Таканаречената „континуирана резолуција“ усвоена со 230 гласови „за“ и 201 „против“, при што 10 републиканци им се приклучија на демократите, исто така обезбедува 4,5 милијарди долари за Киев за да ги одржи финансиите на земјата стабилни и да ја одржи владата во функција.
Со тоа, американскиот придонес за Украина во нејзините воените напори во конфликтот со Русија досега достигна 65 милијарди долари.