ОД ПРВА РАКА СО ТВОРЦИТЕ НА „ГРАНД СКОПЈЕ“ Сакавме околината да биде присутна во секојдневното живеење (ВИДЕО)
Двајцата реномирани и наградувани архитекти, Гугуловска Ѓорѓевиќ и Пановски, во кратко видео интервју откриваат од каде, пред сè, ја црпеле инспирацијата за станбено-деловниот комплекс кој ќе стане новото обележје на Скопје.
За бројните предности на „Гранд Скопје“, за неповторливите погледи кои ги нуди домувањето во овој комплекс , за комфорот, безбедноста, високо-квалитетните материјали кои се употребуваат, но и за нивната визија за комплексот по две децении, зборуваат творците на комплексот „Гранд Скопје“ Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ и Мартин Пановски.
Двајцата реномирани и наградувани архитекти, Гугуловска Ѓорѓевиќ и Пановски, се косопственици на архитектонското биро „Радиус архитекти“. Тие се автори на „Гранд Скопје“ и во кратко видео интервју откриваат од каде, пред сè, ја црпеле инспирацијата за станбено-деловниот комплекс кој ќе стане новото обележје на Скопје.
Погледнете го разговорот со Јана и Мартин и дознајте од прва рака што сè овозможува комплексот на иднината…