ОД ПЕТОК ВО БУГАРИЈА СТАРТУВА СИСТЕМОТ НА МЕРЕЊЕ ПРОСЕЧНА БРЗИНА НА АВТОПАТИШТАТА Казните за надминување на брзината се движат и до 300 евра

Доколку е поголема од дозволената, системот автоматски испраќа СМС-порака до сопственикот на возилото со упатства за плаќање на казната.

1,630

Бугарија од петок официјално го стартува новиот систем на камери за мерење на просечната брзина на одредени делници, објавија бугарските медиуми.

Системот ги користи веќе познатите камери за патарина, поставени на почетокот и крајот на секоја делница. Тие го евидентираат точното време на поминување и пресметуваат дали сте возеле во рамките на ограничувањето.






Во првата фаза ќе бидат ќе се снимаат делов на  50 делници меѓу кои и автопатот „Тракија“, а потоа системот ќе се воведе и на автопатот „Хемус“, но само во неговиот западен дел, како и по должината на „Струма“ и новата делница помеѓу Мездра и Ботевград, откако ќе биде целосно завршена.

Овој вид систем е многу потежок за заобиколување од класичните радари – бидејќи не зависи од тоа колку сте возеле во тој момент, туку од тоа со која брзина сте се движеле на целата делница, односно колку време ви е потребно за да поминете одредена делница – на пример 20 или 30 километри.

Доколку просечната брзина е поголема од дозволената, системот автоматски испраќа СМС-порака до сопственикот на возилото со упатства за плаќање на казната.

Ако го надминете ограничувањето на брзината за 20 км/ч, можете да очекувате да платите казна почнувајќи од 25 евра.

За возење со брзина поголема од 50 км/ч над дозволената, трошоците се значително повисоки. Предвидени се казни почнувајќи од 300 евра.

Точниот износ зависи од измерената брзина и затоа не може да се утврди однапред.

Надминување на ограничувањето на брзината (надвор од населбата или во населбата) за повеќе од 40 км/ч: 600 лева (околу 300 евра) + одземање на возачка дозвола за 2 месеци.

Повторено прекршување (над 40 км/ч): Најмалку 1.200 лева (околу 615 евра) + одземање на возачка дозвола за 3 месеци.

Максималната брзина на автопатот останува 140 км/ч, на експресен пат максималната дозволена брзина е 120 км/ч. Во населено место, дозволената брзина ќе биде само до 50 км/ч. На меѓуградските и меѓуселските патишта, ограничувањето на брзината останува исто – 90 км/ч.

Бугарија, исто така, воведе зони за ограничување на брзината од 20 и 30 км/ч во станбени области, околу училишта и градинки, што дополнително влијае на режимот на брзина.

Казните за пречекорување на брзината можат да бидат значително повисоки во други околности, па затоа е важно строго да се држите до ограничувањето.

Од 5 септември стапува на  сила и промената на цените на патарините за камиони со носивост поголема од 3,5 тони. Таа  ќе изнесува 12 лева.

Исто така, има промена во износот на компензаторните такси, бидејќи тие се утврдени во двојно поголем износ во споредба со максималниот данок за соодветната категорија на возила.

Поврзани содржини