ОД ПАТАРИНИ ВО ЈУЛИ СОБРАНИ 7,6 МИЛИОНИ ЕВРА Mицкоски вели парите завршиле во државната каса, а не во приватни џебови

На наплатните рампи во јули годинава направен е промет од 470.194.563 денари (7,645 милиони евра) што е за 16.071.251 денари (261.321 евра) повеќе споредено со истиот период лани.

1,438

На наплатните рампи во јули годинава направен е промет од 470.194.563 денари (7,645 милиони евра) што е за 16.071.251 денари (261.321 евра) повеќе споредено со истиот период лани, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во пост на Фејсбук.

Тој вели дека овие пари завршиле во државната каса од каде ќе се потрошат за изградба на грдинки, училишта, патишта, за разлика од поранешната власт која, како што вели Мицкоски, ги трошела недомаќински.

– Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и на принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност – вели Мицкоски.





„Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани. Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места. Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да нѐ поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа. Исполнуваме за секој еден човек. Државата на народот, Македонија за тебе“, напиша Мицкоски.

 

ЈПДП минатата година ја заврши  со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, за 100 проценти повеќе споредено со 2020 година кога наплатата изнесуваше 34 милиони евра. Во 2021 година по тој основ беа инаксирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра.  Вкупните приходи на ЈПДП од наплата на патарина за 2024 година се проектирани на износ од 4.400.000.000 денари.

Поврзани содржини