Од Мексико и од Дубаи Рашковски и Николовски ќе си одат право дома
Филипче рече дека не би сакал да коментира индивидуални одлуки во однос на патувањата на Николовски и Рашковски.
Нема да одат во карантин поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски и министерот Љупчо Николовски кога ќе се вратат од Мексико и од Дубаи, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
– Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат во земји од африканскиот континент. Причина е евентуална трансмисија на онаа јужноафриканска варијатна во земјава која многу побрзо се пренесува и поради тоа што сѐ уште не се знае ефектот на вакцините врз овој сој на вирусот – рече Филипче.
Тој додаде дека не би сакал да коментира индивидуални одлуки во однос на патувањата на Николовски и Рашковски.
– Не е загрозена работата на владата во делот на кризното менаџирање. Не би сакал да ги коментирам тие одлуки за патување – нагласи министерот.