ОД МЕДИУМИТЕ ДОЗНАЛ ДЕКА Е СТАВЕН НА „ЦРНАТА ЛИСТА“ Груби најави соработка со партнерите за разјаснување на одлуката

Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично“, напиша Груби на својот Фејсбук профил.

1,425

Поранешниот вицепремиер Артан Груби реагираше по информациите за негово ставање на „црната листа“ на САД, соопштувајќи дека дознал за одлуката од медиумите.

Во објава на социјалните мрежи, тој истакна дека ова прашање ќе го разгледа со целосна посветеност и во соработка со партнерите на Северна Македонија.






„Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично“, напиша Груби на својот Фејсбук профил.

Груби додаде дека останува фокусиран на транспарентноста и на демократските вредности.

„Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“, нагласи тој.

 

Поврзани содржини