📷 ОД ЛЕТНИ ГОРЕШТИНИ ДО ЗИМА ЗА 5 ДЕНА Падна првиот снег во Европа

Во дел од Германија веќе падна снег и ги изненади жителите по жешките денови.

762

Голема промена на времето и заладување зафати дел од Европа и регионот, а во наредните денови се очекува драстичен пад на температурата и на Балканот.

Во дел од Германија веќе падна снег и ги изненади жителите по жешките денови.






Цугшпице, највисокиот германски врв на 2.962 метри надморска височина, осамна покриен со снег. Од топлите летни денови, планинскиот врв за само 5 дена се претвори во вистинска зимска идила.

Во последните 48 часа на Цугшпице, кој се наоѓа јужно од градот Гармиш-Партенкирхен, наврнале 13 сантиметри снег, а денеска наврнале дополнителни 22 сантиметри.

Поврзани содржини