Од лажен профил на Фејсбук најавен протест на Левица пред ДИК
Го повикуваме нашето членство да го пријави/репортира истиот и истовремено ве известуваме дека, партијата во текот на утрешниот ден, ќе поднесе приговори до ДИК, поради извршените неправилности и украдените гласови за Левица“, се вели во објавата на официјалната Фејсбук страна на Левица.
На социјалната мрежа Фејсбук се појави настан со кој на 18 јули се повикуваат граѓаните да излезат на протест пред седиштето на Државната изборна комисија (ДИК).
„Протест против изборниот грабеж врз Левица“, вака гласеше повикот за протест илустриран со изборниот материјал од Левица, но вечерва, партијата преку својата Фејсбук страна објави известување со кое се укажува дека тие не се креатори на настанот и дека се работи за лажен профил, а како што е наведено, се бара од членството да го пријават.
„Сакаме да ве известиме дека овој настан не е креиран од страна на нашата партија, ова е настан креиран од лажен профил. Го повикуваме нашето членство да го пријави/репортира истиот и истовремено ве известуваме дека, партијата во текот на утрешниот ден, ќе поднесе приговори до ДИК, поради извршените неправилности и украдените гласови за Левица“, се вели во објавата на официјалната Фејсбук страна на Левица.