Од ковид-19 почина затвореник во „Идризово“
Управата за санкции информира дека тој имал дијабет и ампутирана нога и се пожалил на тешко дишење поради што е пренесен во болница.
Затвореник од Казнено-поправниот дом „Идризово“ вчера починал од ковид-19 откако бил пренесен во болница. Тој имал 72- години и тешка форма на дијбетес, поради што му била ампутирана ногата, информира Управата за извршување на санкции.
– Починатиот затвореник се пожалил на потешкотии во дишењето, по што веднаш со специјално возило бил однесен во болница. Тој претходно не се пожалил на какви и да е други симтоми, но се работи за лице кое имало тешка форма на дијбетес, поради што му била ампутирана ногата. При приемот во болница, 72-годишникот бил тестиран за ковид-19, а тестот бил позитивен. За жал поради компликации тој починал, а телото е предадено на обдукција – информираат оттаму.
Од управата велат дека затворените и притворените лица редовно се тестираат и доколку е потребно се изолираат поради вирусот и дека се почитуваат сите здравствени протоколи.
Оттаму додаваат и дека затворот Идризово постојано има медицински персонал кој ја контролира здравствена состојба на сите лица во установата.