ОД КОГО СЕ ПЛАШИ ДАНЕЛА? Андоновски тврди дека Арсовска ставила блиндирани врати и камери
Нема реализација затоа што над 40 процеси на тендери за јавни набавки се поништуваат од градоначалничката од сомнителни околности, особено затоа што дел од нив по прекинувањето на тендерската постапка се менуваат комисиите, се додаваат нови членови на тие комисии, се менуваат одговорните лица – додаде Андоновски.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска ставила блиндирани врати и камери, истакна скопскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски.
– Арсовска последните неколку недели ставила блиндирани врати на кабинетот, поставувала камери низ општината и ги малтретирала вработените да се најавуваат на секое влегување – рече Адноновски на Сител.
Андоновски, во гостувањето во Тема на денот на Сител телевизија, посочи дека нема реализација на проектите од програмата на градоначалничката „За Модерно Скопје” затоа што над 40 постапки на процеси на тендери за јавни набавки се поништувале од страна градоначалничката под, според него, сомнителни околности.
– На пример реализација на луна паркот во Скопје, имавте стар проект од Коце Трајановски, еден малку чуден проект на Петре Шилегов и имавте фузија на тие два проекти. Советот на Град Скопје во полно мнозинство даде поддршка за овој проект, никаква реализација. Во ребалансот се префрлија средства за проекти, сите одлуки се донесоа и нема реализација. Нема реализација затоа што над 40 процеси на тендери за јавни набавки се поништуваат од градоначалничката од сомнителни околности, особено затоа што дел од нив по прекинувањето на тендерската постапка се менуваат комисиите, се додаваат нови членови на тие комисии, се менуваат одговорните лица – додаде Андоновски.
Во последните денови дојде до жесток судир на релација Арсовска-ВМРО-ДПМНЕ, откако градоначалничката го разреши досегашниот в.д. директор на „Водовод и канализација“, Златко Перински и го обвини за „местење“ на тендерот од 136 милиони евра за изградба на пречистителна станица за вода во главниот град. По ова, претставници на опозициската партија и градоналачничката Арсовска постојано се препукуваат во јавноста, а повеќе директори на јавни претпријатија предложени од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа оставки, со образложение дека Арсовска не комуницирала и не соработувала со нив.