ОД КАЛ ДА Е, АХМЕТИ ДА Е! Лидерот на ДУИ слави роденден со таткото на Дрин
Фекри Ахмети, таткотo на контроверзниот Дрин Ахмети, на социјалните мрежи ја објави оваа фотографија каде тој со братот Али и уште двајца луѓе седат пред новогодишната елка во домот во Зајас.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ, го прослави својот 65-ти роденден и доби многу честитки и од своите сопартијци. Неговиот брат Фекри Ахмети, таткотo на контроверзниот Дрин Ахмети, на социјалните мрежи ја објави оваа фотографија каде тој со братот Али и уште двајца луѓе седат пред новогодишната елка во домот во Зајас, со капи за веселбa на главите.
Најмногу внимание предизвика честитката на Артан Груби, кој пушти видео на кое Ахмети пее, снимено во работни простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, каде министер е токму Груби.
Дрин Ахмети неодамна беше фатен со товар нелегално набавени пиротехички средства за нова година, а претходно беше во центарот на аферата за купување на трговскиот центар Соравија.
Минималната казна за недозволена трговија со распрскувачки материјали е три години затвор.